Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тијана не влезе во финале, повторно залудно потрошени 100 илјади евра!

Тијана не влезе во финале, повторно залудно потрошени 100 илјади евра!
Тијана Дапчевиќ не успеа да влезе во финалето на Евро Сонг. Македонија и оваа година ќе се задоволи „со добриот настап“, „убавата гардероба“, „одличната презентација“. Или како што некој искоментира, барем не се срамевме. Македонија на евровизија речиси никогаш не се посрамотила. Секогаш имавме горе долу пристојни натпреварувачи, некои стигнуваа до финалето, некои не, но никогаш не бевме ниту во првите 10. Еден факт секогаш се одминува, зошто воопшто се трошат пари за овој настан? Редум, повеќе балкански земји годинава го откажаа учеството, правдадјќи го тоа со големите трошоци. Од МТВ неодамна изјавија дека вкупните трошоци изнесуваат помеѓу 80 илјади евра и 120 илјади евра. „Како партиципација, ние како Македонија треба да дадеме 45 илјади швајцарски франци, а каде се сите останати работи, изјави неодамна Љупчо Мирковски раководител на музичката продукција на МТВ. На следниот линк анализа: Дури и Стинг да пее за Македонија на Евровизија, ќе биде бадијала?
Слично

Поврзани вести