Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовски “Пофикс”, доминантен сопственик на „Единство“

Тетовски “Пофикс”, доминантен сопственик на „Единство“
Тетовската компанија „Пофикс“ стана доминантен сопственик на „Единство“ АД Тетово. Комисијата за хартии од вредност на  Република Македонија на последната седница одржана вчера, донесе решение со кое се утврдува  за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од „Единство“ АД Тетово, а дадена од „Пофикс“ ДОО Тетово. Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, понудата за откуп  ја прифатиле 53 сопственици на обични акции, кои доставиле изјави за вкупно 651.322 обични акции, што претставуваат 74,00495 проценти од вкупниот број на издадени обични акции од "Единство" АД Тетово. Понудата  за откуп се однесуваше на  880.106 обични акции со право на  глас  и 7.445 приоритетни акции, сите издадени од "Единство" АД Тетово. "Пофикс" ДОО Тетово како понудувач, хартиите од вредност ги откупи по цена од 145 денари по акција.
Слично

Поврзани вести