Телеком кани: Заедно да го прославиме јубилејот на Влатко Стефановски
Македонски Телеком кани на заедничка прослава на јубилејот на македонскиот уметник со светско реноме Влатко Стефановски.
Во рамките на прославата „40 години на сцената“, следуваат два значајни концерти на кои ќе биде претставен богатиот музички опус на овој врвен уметник збогатен со најновиот, 32-ри албум по ред „Сеир“.
На 16 август (сабота) во Античкиот локалитет Хераклеа –Битола, ќе биде одржан концертот на Влатко Стефановски во рамките на Бит Фест, а на 19 август (понеделник) ќе имаме можност да бидеме дел од заедничкиот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, кој ќе се одржи во Куршумли Ан – Скопје. И двата концерти се со почеток во 21:00 часот.
Македонски Телеком секојпат е тука да ги поддржи вистинските вредности, а како генерален спонзор на концертите ќе овозможи и изненадување за посетителите, информираат од компанијата.

