Телефони со поддршка на 5G може да се појават уште во 2018 година
Првите мобилни мрежи од петта генерација (5G) се очекува да се појават во 2020 година, но аналитичарите веќе се ангажираат со прогнози за пазарот на 5G смартфони.
„Strategy Analytics“ тврди дека смартфони со поддршка на 5G ќе се појават уште во 2018 година. Производителите треба да решат некои технички проблеми како брзо празнење на батеријата, неодржлива врска и неможност за поврзување во 4G мрежи, пишува „TechNews“.
Се претпоставува дека овие тешкотии ќе бидат надминати до крајот на деценијата. Тогаш се очекуваат и првите големи испораки на 5G Smartphones на пазарите во Јужна Кореја и Јапонија. Во 2021 година слични уреди ќе се појават и во други земји, како САД, Велика Британија, Шведска, Обединетите Арапски Емирати и Кина.
Според долгорочната прогноза на „Strategy Analytics“, во 2022 година во целиот свет ќе се продаваат десетици милиони мобилни уреди со поддршка на 5G, но уделот од вкупниот пазар на смартфони нема да надминува 5%.
Извештајот тврди дека до 2025 година глобалната продажба на 5G смартфони ќе надмине 300 милиони парчиња. Се претпоставува дека во тоа време околу 7% од мобилните врски ќе минуваат низ 5G мрежи.
