Техномаркет со нов салон во Бутел - Многу попусти и богата понуда
Техномаркет отвори нов продажен салон во Бутел. На денешното свечено отворање имаше голем број на заинтересирани купувачи за производите кои имаа специјални попусти и многу ниски цени.

Владимир Стојков од одделот за маркетинг на Техномаркет посочи дека станува збор за една од најдобро опремените продавници која е наменета за голем број на купувачи на одлична и лесно достапна локација.

Стојков исто така најави дека за време на празничната сезона ќе има нови попусти, специјални понуди на различни производи од белата техника и електроника, како и многу новогодишни изненадувања за корисниците.

Техномаркет е добитник и на наградата Best Buy од самите потрошувачи со истражување спроведено од швајцарската агенција Iceritas за соодносот меѓу квалитетот и цената.

Новата продавница на Техномаркет се наоѓа на Бул. Босна и Херцеговина, веднаш до КАМ маркет и е 13-ти продажен салон ширум Македонија.
