Економија, финансии, бизнис

Контакт

Технологијата на Интел ќе ја засили најмладата Романска алпинистичка експедиција

Технологијата на Интел ќе ја засили најмладата Романска алпинистичка експедиција

Технологијата на Интел ќе ја засили најмладата Романска алпинистичка експедиција на преку 7000м, на планината Кан Тенгри.

Иновациите на Интел, инкорпорирани во четвртата генерација на Intel® Core™ процесори, ќе бидат тестирани во екстремни услови за време на експедицијата на четири млади алпинисти во Казакстан.

Романскиот алпинист Адриан Фако (25) и неговите колеги Адриан Русу (26), Даниел Русу (24) и Михаи Санта (23) ќе се обидат помеѓу 16-ти јули и 16-ти август да станат најмладиот Романски алпинистички тим што ќе го освои Кан Тенгри врвот (7010м) од Тиан Шан планинскиот регион, лоциран на границата помеѓу Казакстан, Киргистан и Кина.

Експедицијата ќе користи Ултрабук (Ultrabook) базиран на четвртата генерација на Intel® Core™ процесори, за да постигне неприкосновено ниво на комуникација во Тиан Шан планинскиот регион и да зачува витални информации од врвот Кан Тенгри, на температури од -30°C.

Адриан и неговите колеги ќе можат да аплоудираат информации додека патуваат на Фејсбук, како и на личните блогови. Дополнително, тие ќе можат да фотографираат и да снимаат видеа со Ултрабук кои подоцна ќе бидат објавени на каналот на Интел Романија на YouTube.

Ова е млада експедиција, опремена со најновата мобилна технологија, што покажува дека иновациите на Интел можат да се користат и на мошне необични места.

Слично

Поврзани вести