Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тајните на луксузното патување до Куба

Тајните на луксузното патување до Куба

„Hotel Inglaterra“ е едно од најдобрите места во кои да престојувате ако патувате во Хавана, уште од неговото отворање во 1875 година. Неговата колонијална архитектура и блескави неонски плочи совршено се вклопуваат на блиската зграда на „Gran Teatro“, а меѓу гостите се рангираат познати имиња како кубанскиот национален херој Хозе Марти.

Има само еден услов: Имотот е заглавен во времето, исто како и остатокот од Куба. Ќе треба да платите 312 долари за вечер за нешто што изгледа како „Holiday Inn“, но со теракота по подовите, пишува Bloomberg.

kuba4

Во шесте месеци откако независните патувања од САД официјално се во белата листа, туроператорите воведоа правци до таму, а големите авиокомпании (како American и Jet Blue) ги посочија датумите за првите летови до Хавана. До крајот на годината Inglaterra ќе биде преименувана, како дел од Luxury Collection на Starwood, претворајќи се во вториот хотел на компанијата во земјата, откако Four Points на Sheraton отвори врати таму претходно оваа година.

Но, кога станува збор за хотели во Куба, речиси секогаш има загатки , исто како кај Inglaterra, а овој проблем наскоро ќе остане во минатото.

Само прашајте го Лео Гитис, сопственик на еден од најлуксузните хотели во Костарика, Nayara Springs. Кога се насочува кон отворањето на хотел во Хавана, тој го зема првиот лет кон земјата.

"Добив исклучително топло добредојде", коментира тој по повод средбата со министерот за туризам и високи претставници на властите. „Но, дури и по црвениот тепих, требаше да донесам одлука да ги одложам плановите“, дополнува Гитис, повикувајќи се на големите инфраструктурни ограничувања.

Тоа не мора да значи дека треба да се задоволите со медиокритетно место за одмор. Наместо мноштвото предизвици на островот, удобни и убави варијанти сепак има, ако знаеш каде да ги побараш. И ако играат вашите картички во право, ќе имате пет ѕвездено патување во Куба.

A convertible car enters Havana's Hotel Nacional

Не одете сами

Само затоа што може да купите авионски билет и да летате за Хавана со некој важен за вас не значи дека тоа е најдобро место за спонтани патувања.

„Многу од поголемите реномирани хотели во Хавана прават резервации само за големи групи од 40 до 60 лица“, коментира Мелиса Бигс Бредли, основач и извршен директор на туристичката фирма Indagare. Според неа причината е дека преферираат да продаваат цели групи од соби, наместо да се занимаваат со единечни резервации, што доведува до помалку можности за слободни независни патувања.

Постојат и други бенефиции од вклучувањето во групи, освен од тоа да имате организатор кој ќе ви помогне со целата документација. Бредли ги предупредува патниците дека резервациите направени во многу од сајтовите на хотелите, можат да отпаднат или да бидат откажани од туристичките власти без предупредување. Плус сликите може да биде погрешни. Совршен хотел може да се покаже без вода или со чести прекини на електричната енергија.

Ако сте цврсто решени да одите без група, резервирајте преку Cuba Travel Network, кој гарантира дека сите резервации на соби се во однапред задржани групи. Но планира задржување на места барем три месеци порано.

A man drives his convertible car beside the Maltese flagged 'Thomson Dream' cruiser docked at Havana's port

Размислете за можноста за крстарење

Патувањето до Куба е поврзано со неспоредливи логистички предизвици. Сите вработени треба да се вработени во управувана  агенција која им наплатува на хотелиерите по 700 долари месечно по работник, но го задржува поголемиот дел од сумата за себе. Бонусите за вработените кои нудат добра услуга, се експлицитно забранети, што значи дека има малку поттик за понудата на пет услуги. Најлошо е дека испораките на островот се ограничени во однос на квалитетот, а сопствениците на фирми не можат да го внесуваат она што не можат да си го набават на место.

Има само еден сигурно исклучок од сите овие правила: крстарење.

Лидерот во моментов е Fanthom, крстаречка линија на Carnival, еднонеделен правен. Бродот Adonia вклучува 704 лица и е сосема нов, со прозорци и балкони од подот до таванот.

Од јануари 2017 година ќе има уште повеќе заводлива можност за откривање на луксузни искуства - Патувања со јахти на Ponant. Маршурите сеуште се во процес на финализирање, кабините се мали, но облеани со морски декор.

Проверете на Airbnb

Damarys and Yors, owners of private bed and breakfast "Compostela", pose for a picture in the kitchen, in Havana

Хотелите во целиот свет се плашат од конкуренција на Airbnb, но во Куба споделувањето на домови е на прво место.

„Кубанците ги отвораат вратите на сите видови туристи од целиот свет повеќе од 20 години“, коментира портпаролот на Airbnb во земјата. Според него компанијата учи повеќе од кубанските домаќини отколку што самите домаќини учат од експертите на компанијата.

Собите во приватни домови, при тоа убавите можат да чинат околу 44 долари и нудат можност за поврзување со мештаните. А благодарение на транспарентниот систем за резервации и гаранции за добри предлози, многу од прашањата поврзани со хотелите, едноставно ги нема. Ова е една од најдобрите опции за патници сами, како во Хавана, така и на други места.

Почекајте

Премногу бројните посетители можат да се покажат како проблем. Дури и пред Обама да ги одобри независните патувања во март, земјата веќе имаше рекорден број туристи во првиот квартал на годината. Според една статија во New York Times дел од посетителите спиеле на задните седишта на такси поради недостаток на подобри можности. Значи да почекате Куба да ги направи последните допири на дел од планираните 50 илјади хотелски соби, може да не е толку лоша идеја.

Со времето и инфраструктурата ќе се подобри. На пример со присуството на безжичен интернет

Слично

Поврзани вести