Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Повеќе од 1900 починати од ебола

СЗО: Повеќе од 1900 починати од ебола

Бројот на  починати од ебола премина 1900 ширум Западна Африка, соопшти денеска шефицата на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Чан.

„Оваа седмица е потврдено дека 3500 лица заболени од ебола во Гвинеја, Сиера Леон и Либерија, како и дека досега од овој вирус починале повеќе од 1900 лица, рекла Чан.

Таа исто така, рекла дека епидемијата на оваа смртоносна болест се шири.

Меѓународната медицинска организација Лекари без граница вчера соопшти дека светот ја губи битката со запирањето на ширењето на еболата и апелираше на меѓународната заедница да прати помош и медицински персонал во Западна Африка.

„Шест месеци од избивањето на најтешката епидемија ебола во историјата, светот ја губи битката со запирањето на нејзиното ширење. Лидерите не можат да ја совладаат оваа транснационална закана“, изјавила претседателката на Лекари без граници Жоан Лиу во ОН во Њујорк.

Слично

Поврзани вести