Светски познат невролог: Михаел Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот?!
Еден од најпризнатите светски специјалисти неврологот Ериг Рајдер се сомнева дека Михаел Шумахер некогаш целосно ќе се оправи од несреќата која му се случи на 29 декември минатата година на скијање.
Рајдер смета дека славниот возач на Формула 1 доживеал трајни оштетувања и дека ќе биде голем успех доколку би можел сам да извршува некои основни функции.
„За жал Михаел ќе остане инвалид до крајот на живото, ќе биде зависен од други луѓе. Тој доживеа трајни оштетувања така да ги биде голем успех доколку би можел да седне без туѓа помош за три месеци, или да управува со електрична количка за шест месеци“ рекол Рајдер.
Сепак, познатиот невролог вели дека е големо охрабрување тоа што Шумахер се разбудил од кома после шест месеци.
„Тоа е неверојатно позитивна порака кога некој се пробуди од кома после помалку од година дена. Тоа е позитивно за нго и семејството, многу е важно“.
Медицински експерти и порано истакнуваа дека еден од десет пациенти кои поминат толку месеци во кома успеат да опорават се или повеќе ментални и физички капацитети.
Михаел Шумахер на 29 декември доживеа несреќа на скијањето во француските Алпи. Од тогаш бил сместен во болницата во Гренобл. Неговата менаџерка Сабина Кем соопшти на 16 јуни дека Германецот не е повеќе во кома.
Тогаш е преместен во рехабилитационен центар во Лозана, кој се наоѓа во близина на неговиот дом.
