СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА
Општина Неготино ќе го одбележи Светскиот ден на водата во рамки на Проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (wa-mbrella).
По повод Светскиот ден на водата, општината организира музички хепенинг и други уметнички креативни активности кои ќе се одржат во петок, 22 март од 18:00 до 21:00 часот на Градскиот Плоштад во Неготино.
Музичката програма ја сочинуваат групите: Бонгас енд гитарс, Смиле, Бадасал, Епидемија и ДЈ Алекс, а во рамките на културната програма ќе бидат промовирани трите графити кои се изработени од страна на познатиот артист Младен Трендевски, кои го симболизираат Светскиот ден на водата, како и моменталната состојба со недостиг на вода на светско ниво.
Проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (”wa-mbrella) е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, а се спроведува од странана на ЈП Комуналец Неготино во соработка со Општина Неготино.
