Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ СЕ ПРОСТУВА СО МАЈКЛ: „Џорџ ...ти инспирираше..Каква загуба.Каква легенда!

СВЕТОТ СЕ ПРОСТУВА СО МАЈКЛ: „Џорџ ...ти инспирираше..Каква загуба.Каква легенда!

Поп легендата Џорџ Мајкл си отиде oд овој свет на 53-годишна возраст. Тажната вест беше соопштена од неговиот ПР Мајкл Лимпан, кој рече дека во неделното божиќно утро добил порака дека „Мајкл е најден како мирно лежи в кревет“. Најверојатната причина како што пренесе светот за смртта на музичарот е срцева слабост. Голем број светски познати личности изразија сочувство на социјалните мрежи. Ова се некои од нив:

„Шокиран сум. Изгубив сакан пријател - најдрагиот, и брилијантен уметник“, напиша друга британска легенда на Instagram Елтон Џон.

„Збогум, пријателе. Уште еден голем уметник не напушти“, напиша на Twitter Мадона.

Брајан Адамс напиша на Twitter: „Почивај во мир, Џорџ Мајкл! Не можам да верувам! Толку неверојатен пејач и прекрасен човек не напушти толку рано!“.

„Уште еднаш ...“ и потсети на заедничкиот перформанс со Џорџ Мајкл од 1986 година на „Every Time You Go Away“, напиша на Twitter Пол Јанг.

Гитаристот на Queen Брајан Меј исто така беше меѓу првите кои ја споделија тагата на социјалната мрежа: „Без зборови. Почивај во мир, Џорџ.“

„2016 - изгубивме уште една талентирана душа“, напиша Дуран Дуран во официјалната страница на Twitter.

Ѕвездата од „Игра на престоли“ Гуендолин Кристи изрази сочувство и напиша: „Почивај во мир, Легендо. Очај си 2016-та годино.“

„Џорџ ... ти инспирираше, ја исполнуваше собата со расположение и моето детство со такви моменти на возвишеност. Ти благодарам!“, Напиша Стела Макартни на Twitter.

„Почивај во мир, Џорџ Мајкл. Благодарна сум за музиката која ни ја остави“, напиша Уупи Голдберг.

„Ти му ја подари на светот својата неверојатна дарба. Каква легенда, каква загуба! Ќе продолжиме да те сакаме“, изјави Латоја Џексон.

Во 2016 година шоубизнисот ги загуби едни од големите легенди, меѓу кои Дејвид Боуви, Принс и Леонард Коен.

Слично

Поврзани вести