Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот се менува – кои беа технолошките трендови во 2013 година!?

Светот се менува – кои беа технолошките трендови во 2013 година!?
Светот се менува, а ттехнолошките трендови во 2013 година ќе зададат насокки за движењата во оваа област и во идните 12 месеци . Да го проверите мејлот или Facebook во движење, веќе е нешто сосема вообичаено. Сега мобилните уреди се користат и за шопинг и за банкарство. Сепак, сето ова води до загуби на пазарите за персонални компјутери и фотоапарати . Биткоинот и виртуелните валути На  почетокот на годината еден биткоин се менуваше за 13 долари. Сега чини над 1 000 долари , а цената продолжува да расте. Дигиталната валута , која не се регулира од ниту една држава и е достапна само онлајн , покренува прашања меѓу финансиските експерти за валутните флуктуации. Самоуправувачките автомобили Она што до неодамна беше научна фантастика сега е предмет на вистинска конкуренција : да биде пуштен на пазарот првиот автоматски управуван автомобил . Google , Daimler , Nissan и Continental ( кој произведува делови за автомобили ) учествуваат во трката . Неочекуваното сега изгледа возможно, па  такви автомобили би можело да има по патиштата до 2020 година , иако остануваат некои законски и технички пречки . Одделни елементи од овие нови технологии веќе стануваат стандард во луксузните автомобили . Поврзаната дигитална мрежа во домот Откако пред неколку години беа дискутирани работи од типот на интернет поврзан со машината за миење садови , сега сето тоа, од лампите до греењето конечно може да биде контролирано преку Smartphone. Во наредните години може да има и до 50 милијарди нешта поврзани во мрежа онлајн , иако секторот сеуште работи по општите стандарди . Дигитални очила , паметни часовници Компјутерите за носење се следното големо нешто . Очилата на Google со екран на окото и интернет конекција може да се стават во широка употреба во 2014 година , а Samsung може да го пушти паметниот часовник Galaxy Gear , иако прогнозите за него не беа добри . Се дискутира исто така и за  iWatch на Apple . Големото количество податоци Современиот живот произведува се повеќе податоци . Сега моќни компјутери се обидуваат да ги претворат во корисни факти кои се користат за препознавање на неконтролирани  болести , за спречување на несреќи или за директни производствени линии , кои ги покриваат тековните потреби. Неодамнешните скандали поврзани со личните податоци , сепак може да го загрозат тој процес.
Слично

Поврзани вести