Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Светот на Биби“ потпиша договор со британскиот дистрибутер „Видеоплагер“

„Светот на Биби“ потпиша договор со британскиот дистрибутер „Видеоплагер“

''Светот на Биби'' почнува да ги освојува надворешните пазари. Оваа надела и официјално британскиот дистрибутер ''Видеоплагер" го стави македонскиот анимиран серијал во своето портфолио. ''Видеоплагер'' го има ексклузивното право за дистрибуција на анимиираната серија на европските и светски пазари. Листата на клиенти со кои соработува оваа британска компанија е голема, дел од нивните содржини се емитуваат на најголемите национални европски телевизии (РТЛ, БиБиСи, РАИ, СВТ, ЦБС...) како и на најпознатите стриминг платформи „Нетфликс“ и „Ејчбио“. 

- „Светот на Биби“ е најновото дополнување на нашето портфолио од Македонската аудиовизуелна индустрија која континуирано расте. Забавната 2Д анимирана серија секогаш, меѓу редови, испраќа интелигентни и едукативни пораки. „Светот на Биби“ со сигурност ќе ги привлече и радиодифузерите (телевизиските куќи) и стриминг платформите со својата едукативна и забавна вредност. “ – изјави Емануел Галони, директорот на „Видеоплагер“. 

Откако продукцијата излезе на регионалните пазари во Албанија и Србија, со потпишувањето на овој договор, од продукцијата очекуваат и пошироката јавност да го запознае овој македонски анимиран серијал

- „Светот на Биби“ е анимиран серијал кој се работи според светски стандарди, иако е целосно македонски производ. Едукативниот карактер и вредностите кои се промовираат во овој серијал ги исполнуваат барањата на европските телевизиски куќи. Децата од регионот веќе ги запознаваат ликовите преку содржините на српски и албански јазик. Се надеваме дека и европските гледачи ќе се вљубат во Биби, Боби и нивната дружина. „Видеоплагер“ се вистинските партнери во овој процес, особено со оглед на нивниот досегашен успех во дистрибуцијата на содржини за деца од регионот и од Македонија. По македонската, време е и европската и светска публика да се придружи во најпрекрасниот свет – Светот на Биби!“ – велат од продукцијата.

„Светот на Биби“ досега успешно се претставија на неколку фестивали и саеми во Франција и Финска каде добија највисоки оценки како за анимираната серија, така и за сеопфатноста на проектот преку понуда на едукативни изданија, книги и играчки.

Слично

Поврзани вести