Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светите Кирил и Методиј ќе се најдат на еврото

Светите Кирил и Методиј ќе се најдат на еврото
Словачка во Брисел успеа да се избори за христијански симболи на кованиците од две евра што тамошната народна банка треба да ги пушти во оптек наредната година. - Кованицата со ликовите на Светите Кирил и Методиј сепак ќе оди со првично предложениот изглед. Европската Комисија дефинитивно го одобри решението, изјавил во Брисел словачкиот министер Петер Кажимир. Словачките власти прво се согласиле да ги тргнат верските атрибути, но нивните граѓани жестоко реагираа на обидот, така што не им останало друго освен да инсистираат на првичното графичко решение. - Тоа е непочитување на сопствената историја. Луѓето, дури и во времето на тоталитарниот режим ризикуваа да бидат апсени ако зборуваат за Кирил и Методија како за светци. Дали ние сега живееме во тоталитарен режим или во демократско општество, кога некој може да ни диктира како да ги користиме државните симболи – беше наведено во протестот на Католичката црква во Словачка. По сето тоа, првичното решение со ореолите и со крстот е одобрено и од идната година со таквата кованица ќе се плаќа на територијата на цела ЕУ.
Слично

Поврзани вести