Свети апостол Филип-Верниците го слават Светецот на кој стравот му го сочувал животот!
Православните верници денес го одбележуваат светиот апостол Филип, со потекло од Кесарија (денешна Палестин) кој целиот свој живот проповедал христијанство и ги описмнувал сите оние кои сакале да учат, без разлика на вера и националност.
Филип бил угледен учител во Кесарија, имал жена и четири ќерки. Кога почнало гонењето на христијаните во Кесарија,Филип се двоумил дали да бега во Самарија.
Преданијата велат дека една ноќ му се јавил Бог во сон и го прашал дали се плаши, на што Филип одговорил потврдно. Бог тогаш му рекол дека има страв со причина, бидејќи треба да бега за својот живот и да го проживее така што и понатаму ќе го шири христијанството.
Филип со семејството избегал во Самарија каде го предавал Евангелието и други христијански книги. Подоцна во Тралија станал епископ, каде и починал во длабока старост.
