Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свештеник го нашол најголемиот дијамант - еве што направил со него

Свештеник го нашол најголемиот дијамант - еве што  направил со него

Свештеник во Сиера Леоне го нашол најголемиот небрусен дијамант кој е најден во земјата во последните 40 години и го предал на владата, со надеж дека на овој начин ќе помогне на својата држава. 

Пасторот Емануел Момох го нашол дијамантот од 706 карати во селото Јакаду на истокот од земјата. Вчера го предал на претседателот Ернест Баи Короми. 

Короми се израдува, се заблагодари и вети дека на транспарентен начин ќе биде продаден на оној кој најмногу ќе плати за него. 

Момох изјави дека го подарува дијамантот затоа што е засегнат од развојот на регионот Коно. Се радува што ќе се изгради пат и ќе има струја. 

Дијамантите беа извор на приходи за десет годишната граѓанска војна која заврши во 2002 година. Иако има минерални богатства, оваа земја е една од најсиромашните во светот. 

Слично

Поврзани вести