Сув јануари - Месец без алкохол за совршен старт на 2018
Се поголем тренд станува „сув јануари“, односно нов начин на експертите за животен стил со кој ги убедуваат своите клиенти да воведат промени за подобрување на нивното здравје. На почетокот на секоја година многумина посакуваат подобри работи да им се случуваат, па без квалитетно здравје ниту еден план не може да се реализира. Токму трендот „сув јануари“ кога некој се обврзува во текот на целиот месец да не конзумира воопшто алкохол може да му ги донесе позитивните промени кои ги посакува и да стекне поголема дисциплина за здрави животни навики.
Главната причина зошто се одбира токму „сув јануари“ е затоа што станува збор за месец од празничната сезона со многу прослави, семејни и официјални собири, голем број на деловни ручеци и слични пригоди на кои се конзумира многу алкохол.
Да се откажете од алкохол во месец кога има многу куќни слави и имендени е вистински предизвик, особено за тие кои пијат во друштво и на социјални пригоди и собиранки.
Според истражувањето на Универзитетот од Сасекс луѓето кои го практикувале овој метод во јануари потоа во текот на годината имале помалку алкохолни епизоди на опивање и претерување со пијалоците.
Експертите советуваат за сите кои ќе се нафатат на оваа метода да внесуваат повеќе вода и природни сокови и да не се потпираат премногу на ноќни излегување во барови и дискотеки за разонода, па дури има и специјализирани мобилни апликации кои ќе ви помогнат да „издржите“ при еден ваков потфат.
