СуперМарт поставува нови стандарди на пазарот на онлајн трговија и ги менува навиките на потрошувачите
Интервју со Роберт Тодоровски, Извршен Директор на СуперМарт Македонија, компанија која 2 години поставува нови стандарди на пазарот на онлајн трговија.
1. Роберт, веќе втора година сте на чело на СуперМарт и за кратко време успешно го позициониравте брендот како еден од набрзо растечките во делот на е-трговијата. Како изгледа ова патување досега?
Навистина возбудливо. Работиме на пазар кој е мал, но истовремено динамичен и полн со предизвици. Само во втората година успеавме да оствариме раст од 270% во споредба со истиот период лани, што лично го сметам за огромен успех. Тоа е бројка која ја должиме на добро поставено стратешко работење, внимателен избор на категории и производи, но и на храброст да воведеме нови модели на продажба. Верувам дека со вакво темпо не само што ќе го задржиме растот, туку ќе поставиме уште повисоки стандарди за е-трговијата во Македонија.
2. Голем дел од јавноста слушна за вашата соработка со Иуте. Колку моделот „Купи сега, плати подоцна-Buy now pay later” влијаеше на успехот на СуперМарт?
Да бидам искрен, ако до извесно време се соочувавме со предизвици во делот на едукација на клиентите, од аспект на тоа што значи, како се користи и кои се бенефициите, денес веќе во дата базата на корисници имаме и постара популација, која се водеше како најголем скептик и најважно од се, имаме повторувачки лојални клиенти, кои ја препознале можноста и предностите на овој модел, особено што целиот процес е целосно безбеден и дигитален преку апликацијата Myiute.
Во моментов, 45% од сите нарачки на Супер Март се преку Иуте, што е речиси секој втор клиент. Тоа е огромна бројка, особено со оглед на официјалните подароци за нашиот пазар каде што и покрај дигиталните придобивки, сè уште доминира кеш плаќањето и тоа кај повеќе од 70% од онлајн трговците. Кај нас ситуацијата е обратна – плаќањето во кеш е само околу 45%. Тоа значи дека сме двојно подобри од просекот на пазарот и дека сме успеале во намерата да ја смениме навиката на купувачите, активно работејќи и на дополнително зголемување на овој број. Таа синергија со Иуте не само што нѝ помогна да растеме, туку и нѝ донесе нов сегмент на клиенти кои претходно не би купиле онлајн.

3. Што е следно за СуперМарт?
Сакаме постојано да носиме нешто ново. За кратко време ќе лансираме сосема нов сегмент – патувања и travel пакети. Секој ќе може да оди на одмор и да го плати на рати, без камата и без трошоци, директно преку СуперМарт и Иуте. Тоа е концепт кој речиси и не постои кај нас, а верувам дека ќе биде вистински game-changer.
4. Кои категории се најсилни кај вас?
Имаме повеќе силни категории – Фитнес, Мебел, Бела техника, ТВ, Спорт и рекреација. Она што е клучно е дека не сме само уште една продавница со производи. Нашата цел е да понудиме комбинација на одлични цени, брза испорака и врвна корисничка поддршка, како и да се приспособуваме кон новите потреби на нашите клиенти. Многу често токму корисничката услуга е тоа што ја прави разликата.
5. Како го одржувате темпото на раст со толку мал тим?
Тоа е вистинскиот предизвик. Имаме мал, но неверојатно ефикасен тим кој е целосно посветен. Секој член од тимот знае дека зад секоја нарачка стои клиент што очекува внимание и доверба. Со голема дисциплина, посветеност и тимска работа успеваме да постигнеме резултати кои изгледаат невозможни за наша големина. Агилноста и приспособливоста нѝ се особено важни во нашиот тим.

6. Две години искуство на кормилото на СуперМарт. Што е најважната лекција од твоето досегашно патешествие?
Најважната лекција е дека грешки секогаш ќе има. Но вистинската разлика е во тоа дали ќе научиш од нив и дали ќе се потрудиш да не ги повториш. Јас сум човек кој верува дека секоја грешка е можност за раст. Токму затоа денес Супер Март е посилен и поискусен бизнис.
ПР Објава