Економија, финансии, бизнис

Контакт

Суперанализата покажала дека листеријата сепак не е во свинскиот врат на „Екстра Меин“

Суперанализата покажала дека листеријата сепак не е во свинскиот врат на „Екстра Меин“
Анализа на нови примероци од вакумираниот свински врат на кумановската месна индустрија „Екстра Меин“ сепак покажале дека опасната бактерија листерија не се наоѓа во овој производ. Супер-анализите извршени на Факултетот за ветеринарна медицина во свинскиот врат на овој производител не откриле никакви траги на листерија, бактеријата од која починаа четири лица. Претходно, од „Екстра Меин“ ги објавија наодите и од работните површини и машините во фабриката, кај кои исто така не беше детектирана листерија. „Ова покажува дека производите излезени од погоните “Екстра Меин“ се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна“, велат од компанијата за порталот Кумановоњус Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје. Веќе неколку дена работата на фабриката е целосно стопирана, а од продажба се повлечени сите спорни и сомнителни производи.
Слично

Поврзани вести