Економија, финансии, бизнис

Контакт

Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите!

Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите!

УНИБанка уште еднаш потврди дека е банка која го следи пулсот на бизнис заедницата  која креира кредитни производи според нивните очекувања и потреби. Последен во низата е Супер брзиот бизнис кредит кој е со фиксна каматна стапка, наменет за купување или изградба на објект и додатни инвестиции во бизнисот или рефинасирање од други банки, за обртни средства, нови машини или финансирање на други тековни потреби.

Овој супер брз кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6.40% која е фиксна првата година,  без трошоци за разгледување на барањето промотивно до 31.12.2023 г. 

За него не треба да заложите хипотека, при што рокот на доспевање е 5 години со вклучен грејс период од 6 месеци. Процедурате е брза, што го прави особено интересен и прифатлив за сите оние мали и средни бизниси кои сакаат за кратко време да реализираат одредена бизнис инвестиција.

За поголемите и подолгорочни бизнис планови и инвестиции, УНИБанка Скопје го воведе Хипотекарниот Бизнис Кредит кој е со износ до 100.000 евра, со рок на отплата до 10 години, и со вклучен грејс период од 12 месеци. За негово добивање е потребна хипотека, а промотивно до 31.12.2023 е без трошоци за разгледување на барањето, додека можеби и најважно каматната стапка е атрактивна и изнесува само 4.90%.

Овој хипотекарен кредит  може да се искористи за инвестиции во купување или изградба на објект, за нови машини и додатни инвестиции во бизнисот, за рефинасирање од други банки, како и можност до 30% од износот да се користи за обртни средства за набавка на репроматеријали и трајни обртни средства.

УНИБанка Скопје е партнер, консултант на своите клиенти нудејќи им бројни предности за нивните бизниси. УНИБанка Скопје и понатаму ќе остане ориентирана кон потребите на бизнисите и ќе се стреми да ги поддржи нивните потреби и очекувања, креирајќи производи, услуги и сервиси како би им овозможиле остварување на целите и максимални деловни постигнувања.

ПР објава

Слично

Поврзани вести