Економија, финансии, бизнис

Контакт

SunWireless отсега и во СЦ „Борис Трајковски“

SunWireless отсега и во СЦ „Борис Трајковски“

Водечкиот Wi-Fi мобилен оператор во Македонија, SunWireless, со задоволство објавува дека е потпишан договор со „Борис Трајковски“, најголемата спортска арена во Македонија и една од најголемите во регионот, со кој се овозможи SunWireless да инсталира Wi-Fi мрежа со висока густина во арената.

Арената Борис Трајковски, со максимален капацитет од 8.000 седишта е прва во Југоисточна Европа и најнова меѓу елитните спортски локации во светот кои инсталирале ваква врвна Wi-Fi технологија. Со тоа, арената  им се придружува на стадионите како Сантијаго Бернабе во Мадрид,  Етихад во Манчестер , O2 арената во Лондон, како и Жилет Стадионот во Бостон, САД.

Весна Стојановска, управителот на SunWireless, изјави: " Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе им биде достапна на посетителите на Арената и драстично ќе го подобри севкупното искуство кое го нуди овој простор и со тоа ќе ги охрабри посетителите да ја споделат возбудата на играта со нивните пријатели и семејството.

Натпреварите и концертите во живо се социјални настани кои нудат големо задоволство и нам ни е навистина драго што можеме да им понудиме на навивачите и посетителите ваков систем кој ќе им овозможи подобро искористување на нивните мобилни и таблет уреди во самата Арена. Ова не е само престижна зделка, ова е технички предизвик за нас и ние сме навистина среќни што спортската арена “Борис Трајковски” препозна во SunWireless лидер на пазарот”.

Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе помогне во елиминирање на проблемите со конекција во самата Арена и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до информациите за услугите на Спортскиот Центар, информации за спортските клубови, информациите за клубските апликации, претстојните настани и севкупно ќе придонесе за подобра online вклученост на посетителите.

Слично

Поврзани вести