Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот одлучи, Долче и Габана одат во затвор

Судот одлучи, Долче и Габана одат во затвор
Судот ја донесе својата одлука и по седум месеци од поднесување на обвинението за затајување данок, ги прати во затвор Доменико Долче и Стефано Габана. Тие треба да одлежат 20 месеци затвор, откако претходно беа парично казнети од даночната служба. Според  пресудата Долче и Габана успеале да сокријат милиони од италијанските даночни служби, а истрагата против нив започна пред шест години. Обвинителите за време на процесот наведоа дека двајцата модни дизајнери затаиле секој по 416 милиони евра и уште 200 милиони преку една компанија со седиште во Луксембург. За точката од обвинението поради лажно пријавување на приходи поминат е рокот за застареност. Долче  и Габана ја негираа вината. Судиите пред две години, поради застареност отфрлија обвинение за затајување данок и измама против двајца модни дизајнери, чиј бренд Долче и Габана претставува еден од најценетите во модната индустрија во Милано.  
Слично

Поврзани вести