Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субвенции за пристапни патишта до земјоделски површини

Субвенции за пристапни патишта до земјоделски површини
Во тек е јавниот повик за субвенционирање на пристапни патишта до обработливи површини, а општините можат да аплицираат до 1 април. Платежната агенција објави оглас со кој општините ќе можат да се пријавуваат за субвенционирање на изградба на пристапни патишта до обработливите површини. Финансиската подршка изнесува 100% од одобрените трошоци, а една општина може да поднесе најмногу 3 поединечни барања за различни мерки од Програма за рурален развој. Максималната подршка за инвестиција е 1 милион денари, под услов локалната самоуправа да не почне со нејзина реализација пред потпишување на договор со агенцијата. Ако има помалку средства од поднесените апликации, предност ќе имаат оние кои први аплицирале.
Слично

Поврзани вести