СУБВЕНЦИИ: Министерство за земјделство ќе дава 50% од каматата за ИПАРД проекти
Од Владата денеска соопштија дека ќе субвенционираат половина од ратата за кредитите за ИПАРД проектите.
Имено, ќе се кофинансираат проекти за оние земјоделци кои беа зафатени од поплавите годинава и поткнуваат од Могила, Новаци и Босилево .
Според министерот Цветков ова е солдина камата од 2 до 4 посто што ќе треба да ја плаќаат земјоделците бидејќи каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти а профитот е мал.
За следната недела е најавен нов оглас за користење средства од ИПАРД 1 програмата од која преостануваат уште 29 милиони евра.
Третиот оглас се однесува за мерките 101 и 103 со кои може да се аплицира за финансирање проекти за подигање сточарски фарми, овошни и лозови насади, набавка на механизација, системи капка по капка, откупно дистрибутуивни центри, млекари, винарии исл.
Цветков упати апел земојделците да го сфата сериозно третиот оглас бјидејќи средства имало и поволностите биле големи.
