Субвенции ќе има и за неплаќачите!
Владата донесе дополна на Уредба со која се дава можност за добивање на субвенции за сите лица кои биле одбиени за финансиска подршка за 2011 година заради неизмирени обврски кон државата. Владата им излезе во пресрет на овие субјекти и овие средства ќе бидат исплатени од Програмата за 2012 година, врз основа на оваа Уредба.
Висината на финансиската поддршка на земјоделските стопанства кои не го оствариле правото на директни плаќања вклучително и дополнителните плаќања и државната помош се пресметува врз основа на утврдената висина на директни плаќања во оваа уредба зголемена за вкупниот неисплатен износ на директни плаќања пресметан за земјоделското стопанство. Ова се прави согласно Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2011 година, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓеорѓиев.
Слично
