Струмичките земјоделци блокираа улици поради ниските откупни цени
Земјоделците од Струмица денеска со трактори ги блокираа улиците во градот.
На овој начин го изразија својот револт од ниските откупните цени, но и лошиот пласман на раноградинарските култури. Велат дека почнувајќи од пролетната зелка цените се екстремно ниски. Тие имаат повеќе барања до надлежните. Бараат итна интервенција од ресорното министерство, а доколку тоа не се случи, ќе превземат порадикални мерки, блокада на патиштата и уништување на родот. Откупните цени на зеленчукот се намалија за скоро 50% деновиве. Земјоделците објаснуваат дека годинашните цени на зеленчукот се најниски во последните десетина години.
Слично
