Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмичките земјоделци најавуваат протест, ВМРО-ДПМНЕ смета дека се злоупотребени

Струмичките земјоделци најавуваат протест, ВМРО-ДПМНЕ смета дека се злоупотребени
Земјоделците од струмичкиот регион се жалат на неисплатените субвенции. Бараат итна исплата или се заканија со протест. Своите барања тие денеска ги доставија до Владата, министерствата за финансии и за земјоделство и до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. „Да ни се исплатат заостанатите субвенции за изминатите две години, како и да се почитува законската обврска за исплата до крајот на годината за 2014 и конечно да се прекине со дискриминацијата кон земјоделците преку исплаќањето на субвенциите“, бара Ристо Велков , претседател на Синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион. Земјоделците тврдат дека пари не зеле ниту за отштета од поплавите кои пред две години го погодија струмичкиот регион. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека земјоделците се злоупотребени „преку луѓе на Зоран Заев“, лидерот на СДСМ. Во партиското соопштение се нагласува дека двајца од незадоволните земјоделци кои биле денеска пред Владата, всушност биле познати како блиски луѓе на струмичкиот градоначалник. „Ако тие двајца немаат добиено субвенции тоа единствено може да е заради недоставување на комплетна и неопходна документација до државните институции за што и самите треба да се свесни. Прашуваме зошто не се бунеа овие луѓе кога Заев и СДСМ бараа да не им се исплаќаат субвенции се додека не поминат изборите и не се формира Влада. Тогаш никој не рече ни збор, а токму тоа барање на СДСМ ја успори значително исплатата на субвенциите, стои во соопштението. ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека „за разлика од СДСМ“ е земјоделска партија, која го разбира земјоделецот и неговата мака и која го помага земјоделството со рекордни 600 милиони евра субвенции исплатени досега.
Слично

Поврзани вести