Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Структурни коинтегрирани векторски авторегресивни модели”-предавање на Економскиот факултет – Скопје

“Структурни коинтегрирани векторски авторегресивни модели”-предавање на Економскиот факултет – Скопје
Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”денеска од 12 до 16 часот  организира предавање на Проф. д-р Игор Мастен на тема:  “Структурни коинтегрирани векторски авторегресивни модели”. Овие модели имаат особена примена во современите научни истражувања. Во 2011 година, Кристофер Симс доби Нобелова награда за економија за векторските авторегресивни модели (http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economics/laureates/2011/#), додека во 2003 година на Клајв Грејнџер му беше доделена Нобелова награда за економија поради методите за анализирање на економските временски серии со заеднички трендови – коинтеграција (http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economics/laureates/2003/). Игор Мастен е вонреден професор на Економскиот факултет во Љубљана. Негови истражувачки области се монетарната и меѓународната економија и анализата на временските серии. Предавањето финансиски е подржано од Wikimedia, во рамки на грант кој има цел да изврши модернизација на образовниот процес и да обезбеди бесплатно знаење и ќе се одржи во Амфитеатар 4 на Економскиот факултет. Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето. Притоа учеството е потребно да се потврди со порака на  sazdovski.i@gmail.com  најдоцна до 16:00 часот во петок (31.5.2013). Во пораката треба да биде напишано името и презимето и email адресата на учесникот. Учесниците на предавањето e пожелно (не е неопходно) да понесат лаптоп компјутер со инсталиран EViews.
Слично

Поврзани вести