Странските медиуми ја прогласија Samsung QLED 2020 серијата на телевизори најдобра во класата
Новата
серија телевизори освои многубројни признанија за иновативност, напредни
спецификации и дизајн
На годинешниот меѓународен саем CES, Samsung ги претстави најновитеQLED 8K и 4K телевизори кои се одликуваат со врвни иновации во поглед на репродукција на сликата и звукот, како и извонреден дизајн, за досега невидено корисничко искуство.Влијателни британски и американски медиуми ѝ доделија бројни признанија и награди на компанијата Samsung за некои од најнапредните одлики на серијата.
Американското списаниеForbesги пофали Samsung QLED 8K Q950TS/Q900T моделите за извонредно квалитетна слика и дизајн, нагласувајќи како нивната иновативна технологија создава чувство на длабочина, текстура и детали на сликата во далечни филмски сцени, како и уникатни визуелни ефекти. Дополнително,британскиот AV forum го прогласи Q950TS „Најдобар во класата“, истакнувајќи ја минималната големина на рамката од 15mm и нарекувајќи го„импресивен 8K телевизор, со широк спектар на напредни спецификации“.
Порталите HD Guru и Tech Aeris, од друга страна, го оценија моделотQLED 8K Q800T со пет ѕвездички и со
титулата „Избор на уредникот“. За време на рецензијата, HD Guru не го пофали само овој уред, туку и целата Samsung 8K ТВсерија, заради моќниот систем
на репродукција на сликата и звукот, нагласувајќи дека зголеменатапикселизација
овозможува прецизен приказ на бојата, 100% волумен и високи HDR перформанси, дури и во сцени богати
со сенка.
Дополнително, Tech Aeris го истакнува
елегантниот дизајн на уредот и неговата ултра тенка рамка како најголема
предност поради која овој телевизор создава впечаток „како да лебди во
воздухот“.
Освен тоа, американскиотAVS Forumго вклучиQLED 4K Q90T во изборот за најдобар уред во 2020. година, заради неговата прилагодливост и перформансите на екранот, како и напредните технологии за изострување на деталите и текстурата на сликата.
За повеќе информации за Samsung QLED 8K и 4K ТВуредитепосетете јаhttps://news.samsung.com/global/category/products/tv-audio.
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За најновите вести, посетете ја Samsung Newsroom наhttp://news.samsung.com.
