Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски искуства за контрола на загадувањето во Македонија

Странски искуства за контрола на загадувањето во Македонија
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска потпиша договор за заедничка соработка на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“ со норвешкиот Центар за експертиза „Норск Енерги“. Според Адеми, проектот ќе ги зајакне капацитетите на Министерството во делот на интегрираното спречување и контрола на загадување и забрзување на процесот на издавање дозволи за усогласување со оперативен план за компании од енергетскиот и металуршкиот сектор, а компаниите ќе добијат директни совети од странси експерти со цел полесно да ги решаваат проблемите од областа на животната средина и да обезбедат нејзина поголема заштита.

За директорот на Инспекторатот за животна средина Филип Иванов, интегрираното спречување и контрола на загадувањето е сектор кој бара силни заложби за координација, инвестиции и големи одговорности кои истовремено се насочени кон обезбедување одржлив развој на земјата. Во рамки на новиот проект, посочи тој, предвидени се одредени измени во законската легислатива, а посебно важно е поедноставување на содржината на еколошките дозволи и пресметката на надоместоците за индустријата, со цел да станат потранспарентни за компаниите.

Проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“ претставува продолжување на претходниот проект во чии рамки беше обезбедена техничка помош за изготвување на четири дозволи за усогласување со оперативен план за копмании од енергетскиот и металуршкиот сектор
Слично

Поврзани вести