Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанската комора бара од тутунарите да го намалат производството за годинава

Стопанската комора бара од тутунарите да го намалат производството за годинава
Тутунарите да го почитуваат договореното и да го намалат производството на 26.000 тони тутун за реколтата 2014/2015, зошто во спротивно ќе се соочат со проблеми во откупот, порачува Стопанската комора на Македонија. „Сметаме дека пропорционалното намалување на површините под тутун за 20 проценти што беше договорено во Министерството за земјоделство, ќе се проектира и на терен. Оштетени нема да има зашто сите производители ќе партиципираат во редукцијата зависно од големината на површините“, истакна Васко Ристовски од Комората. Тутунското производството во земјава не е загрозено, но можни се негативни импликации со оглед на состојбата во соседството, особено Бугарија, Турција и Грција, кои бележат значително зголемен род, велат од Стопанската комора. Најголеми побарувачи на македонски ориенатлен тутун се Белгија, Бугарија, Германија, САД, а на тутунски производи БиХ и Србија. Извозот годинава достигна 26.000 тони тутун од што се реализирани 120 милиони евра, 3.000 тони тутунски производи или 20 милиони евра.
Слично

Поврзани вести