Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска Банка а.д. Битола го лансираше својот нов производ „Сега можам и јас!„

Стопанска Банка а.д. Битола го лансираше својот нов производ „Сега можам и јас!„

Стопанска Банка а.д. Битола го лансираше својот нов производ „Сега можам и јас!„ Станува збор за исклучително поволен автомобилски кредит кој е изработен во соработка со Аутомотив Груп.

Наменскиот кредит се однесува на возилата од марката Renault и Dacia, односно важи за авотомобилите Renault Megane, Clio, Captur, како и Dacia Duster.

Каматната стапка за кредитот е 3.99%.

Условите кои треба да ги исполните за да го оставарите вашиот сон за нов автомобил се следни:

  • 15% сопствено учество;
  • Валутна клаузула – денарски кредит;
  • Рок на отплата- 72 месеци;
  • Обезбедување – меница и административна забрана, залог на возило, полиса винкалкулирана во корист на Банката;
  • Кредитоспособност од ½ однос рата плата;
  • Можност за вклучување на 1 кокредитобарател;
  • Старосна граница до 70 години;
  • БЕЗ трошок за аплицирање;
  • БЕЗ трошок за провизија за одобрување до 31.07.2016

За многумина сонот за нов автомобил е тешко остварлив. Граѓаните ги одвраќаат неповолно високите каматни стапки. Честопати пречка се и условите за лизинг, каде покрај високите каматни стапки, сопственоста врз новото возило не се стекнува се до комплетна исплата на истото.

Условите и поволностите на овој автомобилски кредит, сами го наметнаа името на новиот производ на Банката „Сега можете и вие„! Граѓаните можат да си дозволат луксуз под услови кои можат лесно да се исполнат..

Слично

Поврзани вести