Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска банка и Адора Инженеринг со понуда за станбен кредит со камата од 3,2 %

Стопанска банка и Адора Инженеринг со понуда за станбен кредит со камата од 3,2 %
Стопанска банка и Адора Инжинеринг понудија станбен кредит со камата од 3,2 проценти во првите три години за становите на оваа градежна компанија. Каматата е фиксна за тој период и се однесува за клиенти кои платата ја примаат преку банката. -Целта на Адора Инженеринг со овој субвенциониран кредит од страна на компанијата, е да им овозможи на граѓаните да станат сопственици на стан, изграден по европските стандарди за квалитетно и економично домување.  Од друга страна, веќе подолг период македонските граѓани при изборот на финансиски партнер за купување на сопствен дом ја избираат Стопанска банка АД – Скопје. Ваквата доверба потекнува од долгогодишната традиција на стабилност, сигурност и најповолни услови кои Банката ги нуди, развива и прилагодува за своите клиенти, стои во заедничкото соопштение. Стопанска банка АД – Скопје заедно со Адора Инженеринг нуди единствен ваков кредитен производ на пазарот со флексибилни услови, гарантирани и намалени каматни стапки за првите 3 години.
Слично

Поврзани вести