Стопанска банка АД – Скопје: Нови намалени каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит
Стопанска банка АД - Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.
За сите барања за потрошувачки и станбени кредити примени и одобрени од 28.05. Банката ги намали каматните стапки, и тоа:
5.50% каматна стапка за станбен кредит, гарантирана за првите три години, за клиенти кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти изнесува 6.89% годишно за останатиот период
- 6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит без обезбедување за износ до 10.000 евра за сите клиенти на Банката, гарантирана за првата година; Променливата каматна стапка за износи над 5000 евра изнесува 8.00%
- 6.50% каматна стапка за потрошувачки кредит до 60.000евра со обезбедување за клиенти со плата во СБ. Променливата каматна стапка за останатиот период изнесува 7.11%
Слично
