Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема

Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема

Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема, за потребите на неколку одделенија во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски„ во Битола. Предмет на донација беа монитори за следење на витални параметри на пациентите и Електрокардиограф – апарат за снимање на срцевата работа за Одделот за неврологија, неонатолошки и бебешки креветчиња за Одделот за Неонатологија и Детското одделение. Исто така донирана беше и друга опрема која ќе биде распределена во Одделот за гинекологија и останатите одделенија според потребите на Клиничката болница во Битола. 

Донацијата беше предадена од членовите на Управниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола д-р Наташа Несторовска и м-р Гордана Балтовска, на директорот на болницата д-р Зоран Лазаров. На настанот присуствуваа и д-р Жаклина Сирвини – помошник директор за интернистички гранки и д-р Снежана Ристевска – специјалист невролог, со чија соработка беа договорени и предметите на донирање.

Членот на Управнот Одбор на Банката, г-ѓа Наташа Несторовска, истакна дека со оваа донација Стопанска Банка а.д. Битола уште еднаш на дело ја потврдува својата социјална и општествена одговорност. Донацијата се однесува на оние сектори и институции во нашето општество каде е најмногу потребна.

Директорот на Клиничката болница Битола, Д-р Зоран Лазаров, истакна дека опремата ќе помогне во работата на Болницата, допринесувајќи во поквалитетна услуга и третман на пациентите, и ќе го направи престојот и животот на пациентите поедноставен и полесен.

Целта на нашата Банка е со оваа донација да допринесеме во унапредување и поддршка на јавното здравство во Република Македонија како дејност од јавен интерес.

Слично

Поврзани вести