Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска Банка а.д. Битола со Поддршка на Здружението „Во мојот свет“

Стопанска Банка а.д. Битола со Поддршка на Здружението „Во мојот свет“

Стопанска Банка а.д. Битола донесе одлука и оваа година, финансиски да го поддржи Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром- Во мојот свет.

poddrska stopanska ad bitola

„Како и за повеќе други болести, така и за овие, во нашето општество постои недоволна спремност да се прифатат тие лица,  да се инволвираат во образовниот систем, да се изнајдат начини како да им се олесни секојдневниот живот... Целта на нашата банка е, во рамките на нејзините можности да ја поддржиме  работата на ова Здружение, кое ја олеснува животната битка на илјадници семејства на чии деца им е дијагностициран аутизам, АДХД и Аспергеров синдром“, велат од банката.

poddrska stopanska ad bitola1

Во знак на бладогарност, за хуманоста на менаџментот и вработените во Банката, децата со аутизам и децата волонтери на Здружението, изработија цртежи кои ги подаруваат на Стопанска Банка а.д. Битола .

poddrska stopanska ad bitola4

На нивно огромно задоволство, тие ќе бидат искористени за нивниот корпоративен календар, а потоа ќе бидат изложени во нивните простории.

Хуманоста ја покажува големината на луѓето кои помагаат, а кога тој гест е насочен кон децата со чисти срца, се уште повеќе се исполнуваат и срцата на оние кои помогнале.

poddrska stopanska ad bitola5

Стопанска Банка а.д. Битола континуирано ја потврдува својата мисија, да биде општествено одговорна институција која им излегува во пресрет и им помага на оние на кои тоа им е најпотребно.

Слично

Поврзани вести