Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столица – најопасниот непријател на човекот

Столица – најопасниот непријател на човекот

Спортските преноси ги гледаат милион луѓе, на стадиони или пред ТВ екран. Меѓутоа, многумина седејќи и работат, се одмараат, а лекарите се обидуваат да не убедат колкав е данокот на седечки живот.

Болките во грбот, дегенерација на мускулите, кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак на дебело црево, па дури и прерана смрт, се само неколку од потенцијалните ризици, се наведува во извештаите за најновите американски истражувања.

Колку е подолго седењето, толку циркулацијата на крвта е потешка, а одењето во теретана после не може да го надокнади пропуштеното.

Оние кои долго седат, стручњаците ги советуваат да стануваат на секој пола час и да прошетаат, во слободно време да се занимаваат со физичка активност, како и да ги користат скалите наместо лифт.

Еден од триковите да избегнете додатно седење е да се видите со прилателите наместо да им праќате пораки, препорачуваат лекарите.

Слично

Поврзани вести