Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сточарите: Да се брендира дебарското сирење

Сточарите: Да се брендира дебарското сирење

Сирењето што се произведува во дебраскиот крај сточарите бараат да биде брендирано зашто, велат, ги  исполнува сите услови за да добие трговска маркичка.

Според Скендер Аме, претседател на Здружението на дебарските сточари „Дешат“, и барањето за брендирање е и официјално соопштено на работилницата што ја организира Центарот за развој на југозападниот регион.

- Сточарите од нашиот крај се познати по традиционалната подготовка на белото сирење. Можно е да го злоупотребат трговци од други делови на Македонија и затоа бараме сирењето да биде дебарски бренд, изјави Аме.

Во дебарскиот регион годишно се произведуваат 350 тони сирење, а бруцелозата е искоренета.

Како што информира Аме, тој и уште двајца сточари, од Галичник и Лазарополе, учествувале на Меѓународниот саем за млечни производи во Италија, каде дебарското сирење добило високи оценки за квалитетот од експерти и од посетители.

Слично

Поврзани вести