Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стипендии за балканските новинари

Стипендии за балканските новинари

Новинари со искуство од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија,Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија, се поканети да аплицираат за седмата по ред „Balkan Fellowship for Journalistic Excellence programme“.

Секоја година, преку тој конкурс се избираат десет новинари кои ќе добијат финансирање и професионална поддршка да спроведат детално истражување на тема важна за регионот и за Европската унија.

Областа за истражување оваа година е „Интегритет“. Кандидатите кои ќе бидат избрани да земат учество во програмата од страна на независна комисија и ќе добијат стипендија во износ од 2.000 евра како и дополнителна финансиска поддршка во износ до 2.000 евра за покривање на патните и истражувачките трошоци.

На најдобрите три истражувања, независната комисија ќе им додели награди од 4.000, 3.000 и 1.000 евра. Завршните текстови ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици, во познати регионални и меѓународни медиуми.

Стипендиската програма е основана во 2007 година од страна на фондациите Robert Bosch и ERSTE, во соработка со Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, со цел промоција на новинарска извонредност и развиено прекугранично известување. Крајниот рок за поднесување на апликациите е петти март.

Формуларите за аплицирање, упатства и дополнителни информации за стипендијата се достапни на сајтот fellowship.birn.eu.com.
Слично

Поврзани вести