Стихозбирката „Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски е поетски и симболички каталог на животните
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (11 февруари) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на манифестацијата „Денови на литературата“. Настанот беше збогатен со поетско читање на Мартиновски и Биљана Стојановска.



- Дел од песните почиваат на постапката на мимикрија, која воспоставува врски меѓу две нешта – нешто што, веројатно, го прави и целата уметност... Метафората е длабоко мимикриска постапка. На пример, Џибран вели дека откривањето на тајните врски меѓу нештата е главната улога на уметникот, односно поетот – најнапред за себе, а потоа и за другите. Секако, не би ја свел поезијата само на неколку аспекти; сметам дека тие се значајни токму затоа што се меѓусебно преплетени – рече авторот.

- Таа претставува успешно поетско понирање во светот и во животот на животните претставени на еден игрив и необичен начин. Биоетичкиот и екопоетичкиот строеж на песните не носи во себеси само една филозофска или етичка насоченост, односно една едукативна или културолошка функција туку, пред сè, песните од оваа книга претставуваат успешни поетски творби исполнети со длабоко доживеани чувства за единството на природата и животинскиот свет со светот на човекот, односно со светот на поетот – подвлече промоторот.
Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) е поет, раскажувач, есеист, книжевен критичар, преведувач, антологичар. Работи како редовен професор по предметите Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle во 2007 година. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ја извршува функцијата декан од септември 2023 година. Актуелен претседател е на Македонскиот ПЕН-центар. Досега има објавено 12 стихозбирки за возрасни и три поетски книги за деца.

Програмата на „Денови на литературата“ во целост да ја проследите на следниот линк: https://www.literatura.mk/denovinaliteraturata
Шестото издание на манифестацијата се одржува од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани. Во рамките на продажната акција има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи. Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги. „Литература.мк“ и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!
Попустите може да ги проследите на следниот линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti
Еднодневните специјални попусти се достапни на следниот линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/dnevna-akcija-knigi
