Ставрески ги смирува тутунарите: „Сите ќе склучите договори“
Разговараме со откупувачите да ги потпишат договорите со производителите кои им ги ветиле, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески додавајќи дека државата нема да ги остави тутунарите сами да се справуваат со проблемот.
„До крај ќе инсистираме да се испочитува она што го ветија откупните претпријатија, дека ќе се потпишат договори со сите тутунари кои имале договори во 2013 година со количествата што ги утврдивме на тој состанок“, нагласи Ставрески, потсетувајќи дека субвенциите за тутун се веќе исплатени.
По вчерашниот последен состанок со откупувачите вицепремиерот очекува деновиве да се интензивира потпишувањето на договорите со тутунопроизводителите за новата реколта тутун.
Слично
