Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува прилепскиот карневал „Прочка 2013“

Стартува прилепскиот карневал „Прочка 2013“

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ денеска со изложба на маски изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта почнуваат свеченостите за годинашниов 13-ти по ред меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2013“.

Во галеријата од Домот вечерва првпат ќе биде отворена изложба на „Венецијански карневалски маски“ изработени од прилепчанката Жаклина Костоска.

Ќе бидат изложени 150-ина маски изработени во „Папиер маше“ техника. Костоска со оваа техника работи две години и ја усовршувала по посетата на Венеција.

Утре, во рамки на Карневалот во центарот на Прилеп ќе парадираат мажоретки, кловнови, жонглери и пантомимичари. В недела напладне е големото меѓународно карневалско дефиле. Се очекува да учествуваат околу 3.000 маскирани. Стручно жири ќе ги награди најдобрите групни и поединечни маски. Организаторите, локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“ очекуваат гости од земјава и од странство. Најавени се карневалски групи од Албанија, Бугарија, Србија, хрватска, Словенија и за прв пат од Воден Грција.

Слично

Поврзани вести