Економија, финансии, бизнис

Контакт

Станот во Куманово, дуќанот во Струга, автомобилот во Битола!

Станот во Куманово, дуќанот во Струга, автомобилот во Битола!
Заврши првото извлекување во наградната игра на Лотарија на Македонија. Првиот среќен добитник на стан во наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ е Трајко Кузмановски од Куманово. Димитар Миладинов од Струга го доби дуќанот, а Панде Мановски од битолското село Буково е добитник на автомобил „пежо 208“. Кумановецот Кузмановски имаше најмногу среќа меѓу 800.000 коверти. Во вечерашното извлекување беа доделени вкупно 153 награди, велосипеди, комјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника. Наградната игра има за цел да ја подобри фискалната дисциплина во државата.
Слично

Поврзани вести