Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за домување ги раскара станарите

Законот за домување ги раскара станарите
Според податоците на Централниот регистар вкупниот број на регистрирани станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесувал  4412. Во меѓувреме, згаснале 82 станбени заедници кои имале ангажирано управители, пишува во најновиот извештај на Регулаторната комисија за домување доставен до Собранието. Ако се земат во предвид податоците од  последниот попис, според кои во земјава има околу 10. 000 станбени згради,  тоа значи дека само 44% го почитуваат Законот за домување, кој налага сите станбени згради да се регистрираат во заедници на станови. Иако од Комисијата информираат и дека секојдневно се зголемувал интересот на правните лица за добивање на лиценци за управители, од почетокот на спроведување на Законот за домување од 2010 година, до сега, само дваесет и пет правни лица имале добиено  лиценца. Според извештајот на Комисијата, најмногу регистрирани заедници има во скопските општини Центар, Аеродром, Карпош, но и во Битола, Охрид и Тетово Законот за домување уште на почетокот на неговото донесување наиде на отпор кај повеќето од граѓаните. Дека ситуацијата остана непроменета и во фаза на неговата имплементација покажува и податокот дека само во втората половина од лани, до Комисијата пристигнале седумдесет и пет барања за посредување во спорови меѓу управители,претседатели на заедници станари. Законот ги подели станарите, во делот на тоа ќе го управува куќниот совет, дали лиценцирани фирми или самите станари, чиј куќен совет би се регистрирале како правно лице. Инаку, минатата година Регулаторната комисија за домување располагала со буџет од 114 илјади евра, од кои речиси 90% биле наменети за исплата на придонеси и плати на вработените, а останатото за тековни расходи. „Во целиот период за кој се однесува овој извештај, претседателот и членовите на Регулаторната комисија за домување остварија  бројни  контакти и средби со граѓани, претседатели на заедници на сопственици и  претставници на лиценцираните фирми за управување со станбени згради, и помогнаа за надминување на  проблемите со кои тие се соочуваат при примената на Законот за  домување“, се вели во извештајот на Комисијата.
Слично

Поврзани вести