Станала „тешка“ милионерка со развод!
Американката Џејми Купер-Хон, поранешна сопруга на британскиот финансиски магнат Крис Хон доби 337 милиони британски фунти, што е рекордна сума за една бракоразводна парница исплатена во Велика Британија.
Џејми и Крис се запознале на студии на Харвард, а се венчале во 1995 година. Имаат четири деца, а во 2012 година поднеле барање за развод.
Крис Хон на својата сопруга и понудил четвртина од имотот проценет на 700 милиони фунти, но 49-годишната Џејми барала повеќе, тврдејќи дека стекнатото богатство е резултат на нивното партнерство.
Износите исплатени во бракоразводни парници во Велика Британија ретко се објавуваат во јавност, но ова е досега најголемата сума за која се знае. До овој момент рекордна бракоразводна спогодба во Британија беше онаа од 2011 година кога рускиот олигарх Борис Березовски и исплати на поранешната сопруга Галина Бешарова меѓу 100 и 200 милиони фунти.
Слично
