Стајковци и дел од Центар утре ќе бидат без вода
Утре поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф- 80 мм на ул.Орце Николов бр.9 , во периодот од 09,30 часот па до завршувањето на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Орце Николов, на потегот од објектот на Т-Мобиле до плоштадот Македонија.
Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од ф250 мм во скопското село Стајковци, во периодот од осум до 16 часот, без водоснабдување ќе останат корисниците од село Стајковци во општина Гази Баба.
Слично
