Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стабилизирана состојбата со браната на Слатинското езеро

Стабилизирана состојбата со браната на Слатинското езеро

Ситуацијата со напукнатата брана на Слатинското езеро се стабилизира, благодарение на активностите спроведени изминатите денови за отворање поголем испуст на водата од акумулацијата.

Спроведените активности на екипите на специјализирана градежна компанија, заедно со нуркачки тим на Дирекцијата за заштита и спасување за отворање дополнителни испусти на главната бетонска преливница на акумулацијата, резултираа со намалување на нивото на водата во езерото за повеќе од 70 сантиметри, што придонесува за намалување на притисокот на водата врз оштетениот насип.

Ситуацијата се следи, во исчекување на намалување на издашноста на изворите и Мраморечка река преку која се полни акумулацијата.

Иако се уште не може да се каже дека кризата е надмината бидејќи оштетувањата на примитивната брана се големи, меѓутоа намаленото ниво на акумулацијата и поволните временски прилики без врнежи се очекува да овозможи поволни услови за интервенции врз самиот насип и санирање на оштетувањата.

Акумулацијата се наоѓа во атарот на селото Слатино во општина Дебрца, изградена во 1963 година за наводнување на околното обработливо земјиште. Водата во езерото дотекува од Мраморечка река и околните извори, додека изливот на водата од езерото води кон реката Сатеска и натаму во Охридското Езеро.

Слично

Поврзани вести