Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српската Влада со пакет мерки за спас на сточарството

Српската Влада со пакет мерки за спас на сточарството

Српската Влада  донесе одлука за зголемување на субвенциите во сточарството. Планот е на овој начин да им се помогне на сточарите и да се ублажат последиците од сушната година. Владината одлука предвидува двојно поголеми субвенции по грло добиток и зголемена субвенција за литар млеко. Така за матични грла добиток субвенцијата е зголемена на 25.000 динари по грло, за тов на јунци 10.000 динари, за тов на свињи 1.000 динари по грло, а субвенцијата за литар млеко наместо пет ќе биде седум динари. -  Државата на овој начин ќе ги ублажи последиците од сушата и ќе го поттикне сточарското производство, со оглед на тоа дека добиточниот фонд во Србија е драстично намален, а исто така намалено е и производството на млеко, од кое само 40 отсто е екстра класа, изјави српскиот министер за земјоделство, Горан Кнежевиќ. Српскиот министер најави дека веќе на следната владина седница ќе биде усвоена и Уредбата со која се предвидува 500 килограми пченка за секое грло добиток во затворен систем. Државата веќе почнала со откупот на предвидените 200.000 тони пченка за стокови резерви.
Слично

Поврзани вести