Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атрактивната „Уна Сага Сербика“ во МНТ по повод празникот Сретение и ден на Државност на Република Србија

Атрактивната „Уна Сага Сербика“ во МНТ по повод празникот Сретение и ден на Државност на Република Србија

Денот на државноста на Република Србија се одбележува и во самата земја со низа манифестции, но и меѓу Србите во регионот, како потсетување на празникот Сретение од 1804 година, кога е подигнато Првото српско востание. Со тоа е започнато ослободувањето од Турција (Османлиското царство) на истиот датум 1835 година, е донесен првиот модерен устав на Србија.

По повод празникот Сретение Господово, ден на Државноста на Република Србија, српските невладини организации во Република Северна Македонија ве покануваат да присуствувате на “УНА САГА СЕРБИКА“ манифестацијата. Главната свеченост ќе се одржи на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ),  недела 16. февруари 2020. година, со почеток од 20 часот.

Настапуваат:

Беседа: др Далибор Ѓукиќ

Хор: Симонида Грачаница

Биљана Ѓуровиќ-актерка (професор на факултетот за современи уметности во Белград)

Милош  В. Николиќ - др. музичка уметност (кавал, гајда, фрула)

Танцов ансамбл: УНА САГА СЕРБИКА


Водител: Ирена Ристиќ

Влезниците се бесплатни но потребна е резервација на srbijanvo@gmail.com


Слично

Поврзани вести