Среќните добитници од големата наградна игра на СКОПСКО ги подигнаа возилата
Среќен добитник на VW California Beach RV е Благој Хаџиски од Неготино, а VW Polo ќе вози Денис Наќевски од Велес.
Во текот на наградната игра, која траеше 8 недели или 56 дена, почнувајќи од 9 април до 4 јуни, беа доделени 672 пакети СКОПСКО, 56 сетови за скара, 56 пикник маси, 8 фудбалчиња и 2 возбудливи главни награди.
Во главното извлекување на 5 јуни учестуваа сите испратени кодови, односно сите претходно ненаградени капачиња. Од 250.000 испратени кодови во текот на наградната игра, Денис и Благоја имаа среќа да ги возат главните награди.


Кампер возилото VW California Beach ќе го придружува семејството Хаџиски од Неготино на сите нивни следни патувања и доживувања.
“Целото семејство се радува, сите уште не “држи“ возбуда. Животот е чудо! Со сопругата живееме во семејната куќа во Неготино, а изградив и викендица во Пехчево, сам со свои раце, без помош од мајстори. Сега со комбето за кампување, ќе имаме и една подвижна куќа и ќе уживаме сите“ – вели радосно Благој, добитникот на VW California Beach.

Пивара Скопје им честита на сите добитници во големата СКОПСКО наградна игра, а на двајцата среќни добитници на главните награди им посакуваме многу поминати километри изразени во безгрижни патувања околу светот.
За повеќе информации посетете ја веб страницата: www.SKOPSKOZANAS.mk
